При вечерашното гостување во МРТ, премиерот Зоран Заев рече дека децата на функционерите не треба да се третирани како да се од „втор ред“.
Во врска со забелешките на Европската унија, дека администрацијата е преобемна, премиерот рече дека од човечки аспект, никој не е подготвен, ниту сака да ги отпушти луѓето без претходно да им обезбеди иднина. Во однос, пак, на вработувањето деца на функционери не смее да има забелешки ако постапката е регуларна.
Тој кажа дека и ним треба да им се овозможи еднаква можност некаде да конкрурираат и да се вработат, но процесот и целата постапка мора да бидат транспарентни, јавноста да знае дека ги исполнуваат потребните критериуми и се соодветното работно место. Не смее, дополни, тие да бидат третирани како да се од „втор ред“.