Заев денеска даде интервју за бугарската телевизија БГНЕС, каде зборува за односите меѓу Македонија и Бугарија. За него Бугарија не фашизам, туку Бугарија е наш пријател.
– Новите поколенија не ја знаат целата таа реалност, а таа треба да не сплотува. И во Македонија и во Бугарија тоа влијае врз луѓето на еден многу погрешен начин. Ако некој си дозволува да ја оцрни Бугарија со Пи-Ар објави во светот, ќе сноси одговорност. Тоа нема да го дозволам. Државата не учествува во тоа, тврди премиерот.
Според неговите зборови, „длабоката држава“ останала во владејачката пред него ВМРО-ДПМНЕ.
– Исполнувањето на Договорот со Бугарија ќе биде закон. Република Македонија ја потврди својата доверба кон Бугарија за да го штити нашето небо. Имаше голем притисок од Турција и од Италија. Но, ние рековме-извинете, прв сосед ни е Бугарија, затоа Грција и Бугарија ќе бидат двете држави, кои ќе ни го чуваат небото, вели Заев.
Тој исто така истакна дека Гоце Делчев го гледа како херој и на Бугарите и на Македонците, а дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, но Југославија била пречка за нивното пријателство.