Премиерот Зоран Заев со тоа што апелираше граѓаните да ја зграпчат оваа шанса на референдумот, упати порака Македонците сами да го сменат името на својата држава од Република Македонија во Република Северна Македонија и за внатрешна и за надворешна употреба.
„Граѓаните треба да излезат на референдум и тој да биде успешен. Граѓаните ќе ја донесат одлуката, а јас јасно го соопштувам мојот став и праќам апел граѓаните да ја зграпчат оваа шанса“, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.