Специјалното јавно обвинителство ќе има иднина, а ако не го изгласаме предло-законот за продолжување на неговата работа до 6 септември постои и непосакуван начин како да се обезбеди неговата иднина, рече премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница одговарајќи на новинарско прашање.
Шефот на Владата го искоментира како скандалозен вчерашниот предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за главен специјален обвинител да биде назначен Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, кој сега е суспендиран поради злоупотреби со делегирање на судии.
–Предложува човек кој манипулирал со системот за респределба и давал предмети на погодни судии. Никола Груевски ќе го предложат ако им дозволат. Се што прават е да се блокира правдата…ако може да ги нема овие 18 предмети би било супер. Не може да се заобиколува правдата. Опозицијата ги постигна своите цели, им ги прифативме забелешките, но не може да се оди преку црвените линии. Си има јавни обвинители и судство за тоа, а не Мицкоски да кажува кој да биде – рече Заев.