Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, тврди дека е монтажа видеото кое се прошири на дел од порталите дека вчера на Мечкин Камен се скандирало „Северна, Северна“. Ова видео го објавија портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ со објаснуваше дека скандираат членови на СДСМ.
Забрчанец вели дека станува збор за лажна вест.
– Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале „Северна Северна” на Мечкин Камен.
Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото.Денес во Крушево ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја “Денес над Македонија се раѓа…”. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскиот јазик.
Во Крушево ечеше паролата “Сите сме деца на Илинден! – напиша Забрчанец на својот фејсбук профил.
На таа објава тој доби бројни коментари кои го демантираат.
Граѓаните кои биле присутни на свеченоста сведочат дека навистина се скандираше „Северна“ на овој значаен ден за македонската државност.
Еден член на СДСМ му кажа на Марјан дека и тој бил во тие кои скандираат „Северна“.
– Не е лажна вест и јас бев меѓу тие кои скандираа Северна, Севернаи тоа беше заради тоа што група од 20луѓе од Дијаспората скандираа никогаш северна. – му напиша Владимир Христовски на Забрчанец.