Македонија 12. декември 2018. / 13:13

Вработените го одложија блокирањето на Клинички, Филипче ќе го убедува Шилегов

Вработените го одложија блокирањето на Клинички, Филипче ќе го убедува Шилегов

Вработените во Клиничкиот центар го одложија најавеното блокирање на наплатните рампи на паркингот во кругот на клиниките, а министерот за здравство ветил дека денеска ќе има средба со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Вработените втор ден протестираат за одлуката на град Скопје на предлог на градоначалникот Петре Шилегов да ја зголеми месечната цена за паркирање од 300 на 800 денари.

Вработените носеа налепници „привилегирани“ во знак на револт по изјавата на Шилегов дека пациенти умираат на паркинг не можејќи да дојдат до клиниките од возилата на вработените, пренесе МКД.МК.