Македонија 16. октомври 2020. / 17:58

(ВО ЖИВО) Стоп за злоупотреба на европските пари: Протест на ВМРО-ДПМНЕ

(ВО ЖИВО) Стоп за злоупотреба на европските пари: Протест на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно организира  протест со возила.

Веќе три години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот каде 270 000 евра беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот каде се доделени 83.000 милиониевра за тренирање на хрватско магаре, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани на протест со возила од СЦ „Борис Трајковски“ до Секретаријат за европски прaшања, за да се стави стоп за злоупотреба на европските пари.