Македонија 09. ноември 2020. / 13:28

Во Србија и Албанија бесплатна хоспитализација за македонски граѓани, предвидува Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19

Во Србија и Албанија бесплатна хоспитализација за македонски граѓани, предвидува Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19

Премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ во присуство на министрите за здравство одржаа координативен состанок, по што потпишаа Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на Ковид-19 криза.

Со овој документ трите земји ќе разменуваат искуства и ќе соработуваат во борбата против коронавирусот, како и ќе се овозможи државјани на третите земји да бидат примани во локални болници.

Македонски граѓанин ако треба да се лекува во една од овие две соседни земји во која е хоспитализиран,таа земја ги превзема трошоците. Доколку наш граѓанин треба да се лекува во Албанија или Србија, нема да треба да плаќа од својот џеб. Исто и граѓаните од Србија и Албанија нема да плаќаат од свој џеб доколку се затекнат со лекување на нашата територија, рече Заев.

Се истакнува и дека е важно исто така да продолжи и економската размена и трговија и соработка меѓу трите држави.Албанија и Србија исто така го потпишаа и билатералниот договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.