Македонија 06. октомври 2019. / 15:50

Во кола сокриле 50 килограми марихуана

Во кола сокриле 50 килограми марихуана

Денеска во 11.00 часот на граничен премин „Богородица“, при контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска национална ознака, управувано од А.M.(44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле повеќе пакувања марихуана со тежина од околу 50 килограми.

Лицата и возилото биле преземени од Одделението за истраги при Царинската управа на Р.С. Македонија.