СДСМ во континуитет го понижува и потценува македонскиот народ. Наместо живот, Зоран Заев донесе чемер и јад, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека граѓаните се чувствуваат несигурно и понижено, победи нема, а поразите на секое поле се секојдневие.
Од ВМРО-ДПМНЕ исто така додаваат и дека на меѓународен план Македонија е понижена со низа на капитулантски договори, со кои Заев се откажал од се што е македонско.
„Заев иако ветуваше и се колнеше во своите идни и минати поколенија дека ќе го заштити името, идентитетот и јазикот, го потпиша капитуланскиот договор со Грција. Заев се откажа од името, идентитетот, историјата, јазикот и македонското малцинство во соседството“, стои во соопштението.
Од партијата воедно наведуваат дека на ненародната власт мора да и се каже доста и ги покануваат сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица.