Македонија 10. ноември 2018. / 17:34

ВМРО ДПМНЕ: Заради мафијашката политика на Заев единствено што расте се даноците и цените

ВМРО ДПМНЕ: Заради мафијашката политика на Заев единствено што расте се даноците и цените

Заради мафијашката политика на власт предводен од Заев единствено што растат се даноците, цените на мало, горивата и инфлацијата. За жал се друго паѓа.

Економијата ни е во слободен пад, а сите домашни и странски финансиски институции ги намалуваат прогнозите за растот на БДП што говори дека оваа неспособна власт не знае како да го подобри стандардот на граѓаните. Оттука ние, во ситуација кога власта нема јасен економски концепт, ќе предложиме покачување на пензиите за 10% што директно ќе помогне на илјадници семејства во Република Македонија.

Да потсетиме пензиите во време на ВМРО-ДПМНЕ растеа и тоа значително, а не симболично како сега. Просечната пензија од 2006 година до 2016 година беше зголемена за 79%. Најниската пензија од 2006 до 2016 беше зголемена за 105,8%, а највисоката пензија за 37,3%. Ова е вистинскиот раст на пензиите кој што граѓаните повторно го очекуваа од оваа власт. За жал добија урнисување на стандардот и безидејност за справување со реалните проблеми на стопанството, работниците, пензионерите и сите останати граѓани.

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение до јавноста – реакција на реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски