ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека обвинителката Вилма Рускоска од ден во ден докажува дека е пиoн на Заев.
Според нив пуштањето на Зоран Милески – Кичеец од притвор покажува дека власта има премолчен договор околу решавање на случајот „Рекет“, со покривање на трагите кои водат до Зоран Заев.
– Да не беше меѓународниот притисок во однос на случајот „Рекет“, ниту ќе се покренеше истрага, ниту рекетарите ќе беа во притвор. Русковска ја заташкуваше истрагата и кога не ја притвораше Јанева цел месец откако ги притвори Зоки Кичеец и Боки 13 и остави доволно време таа да влијае на доказите и сведоците. Сега повторно си игра со правдата и го пушта Зоки Кичеец од притвор после два месеци, а луѓе без никакво дело ги држеше во истражен затвор многу подолго. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму констатираат дека самиот факт што криминалци за кои видовме видео снимки како изнесуваат торба полна со пари добиени од рекет се пуштаат во куќен притвор кажува дека власта сака да го заташка случајот.
– Рускоска нема за цел да го расветли случајот Рекет и да дојде до вистинските нарачатели на милионскиот рекет, туку има за цел заштита на функционерите од власта и Зоран Заев лично кои се врвот на криминалниот октопод.
Поигрувањето на Рускоска со правдата е повеќе од доволен аргумент зошто е потребно ЈО, кое ќе биде финансиски и кадровски независно од власта. – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека со Рускоска на чело на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција и со Заев на чело на државата правда нема да има.
Од таму велат дека потребна е смена на СДСМ, се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро