Зоран Заев и СДСМ наместо за здравјето и животите на граѓаните се водат само од партискиот интерес и желбата да го ублажат изборниот пораз со избори на 5-ти јули, велат во утринското соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Додававаат дека, поради политикантството на Заев, Македонија е земја која најлошо се справува со корона епидемијата во Европа.
– Во последното деноноќие во Македонија има 175 нови заразени и 5 починати, а СДСМ и Заев продолжуваат да зборуваат за итни избори. За само 10 дена има 1316 нови заразени и 36 починати, а Заев и СДСМ уште калкулираат како да се спаси неговата политичка кариера. Ова е спротивно на секоја логика, се вели во соопштението.
Потсетуваат дека во услови кога СДСМ беше корона кластер со заболени и самоизолирани функционери тој водеше кампањи и средби со граѓани и на тој начин во опасност ги ставија стотици граѓани и семејства.
Тоа јасно покажува дека власта на Заев е неодговорна и неспособна, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.