Македонија 28. февруари 2021. / 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски порачува дека не постои македонско малцинство во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Георгиевски порачува дека не постои македонско малцинство во Бугарија

Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во коресподенцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја ппсебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари.

– Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства Георгиевски и Заев ги отпишаа македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив Заев трга во последна офанзива за обезличување на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ и народот се против продавањето на Македонија по патентот на Заев и Георгиевски, и нема да признаат никаков договор кој ќе ја негира македонската посебност, јазик, култура и историја, децидни се од партијата.