Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Зоран Заев и СДСМ ја признале автентичноста на снимките, со што признале дека тој позадински местел судски случаи и договарал нивно паѓање.
„Она што Зоран Заев и СДСМ велат дека се „реформи“ во судството во реалноста значат паѓање на предмети, оневозможување на правдата, брутално и грубо мешање на извршната во судската власт.
Се почна од признанијата на Заев дека „Катица се знае“, „со Јово сум договорен“, „судот одлучи трас-трас“, па се до денешната аудио бомба каде се слуша дека Заев “позадински” местел судски случаи, дека „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“.
Она што Заев и СДСМ велат дека се „“реформи“, секаде во Светот е криминал и попречување на правда.
Зоран Заев и СДСМ ја признаа автентичноста на снимките, но доаѓа времето кога и ќе одговараат за содржината која се открива од нив. Јасно е дека Заев е готов!“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.