Македонија 17. септември 2020. / 16:24

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради апартхејд – субвенционирање на приватни компании по етнички клуч е апсолутно неприфатливо

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради апартхејд – субвенционирање на приватни компании по етнички клуч е апсолутно неприфатливо

Едно општество за сите не се гради со етничка исклучивост. Мерката на владата на Заев не само што е деградирачка туку е и дискриминаторка кон останатите граѓани. Наместо европско општество, Заев гради апартхејд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат.Наместо политика на апартхејд, Владата нека почне да води европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и криминални пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија, велат од партијата