Македонија 01. април 2019. / 16:07

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал

На денот на шегата, „Kацарска судството“ одлучи уште еднаш да се пошегува со правдата во Република Македонија и да го амнестира Зоран Заев за барање поткуп. „Кацарска судството“ го чекаше 1 април и почетокот на изборната кампања за да се пошегува со граѓаните убедувајќи ги дека тоа што го виделе на снимка, всушност не го виделе, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Кацарска судството“ ги потценува граѓаните со обидот да ги убеди дека Зоран Заев не е на снимката или дека барањето од „едно евро за црквата и едно евро за Вице-то“ не е криминално барање на поткуп. „Кацарска судството“ со денешната одлука на апелација правосилно да го ослободи Заев, ги претвора на „Мирчо свињарникот“ и менувачницата на Вице во официјални институции за наплата на рекет и решавање на проблемите на бизнисмените.

„Кацарска судството“ не може толку да го амнестира Заев, колку што Заев е алчен и склон на криминал и корупција. Зоран Заев е единствен политичар во Европа три пати амнестиран за тежок криминал. Првиот пат за криминал тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“, вториот за „Пуч“ и третиот за 200 000 евра кои ги бараше како поткуп од струмички бизнисмен.

Наближува денот кога правдата ќе се врати во Македонија и секој ќе одговара за сторениот криминал или замижувањето пред криминалот и коалицирањето со криминалците, стои во партиското соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.