Македонија 10. септември 2020. / 20:23

ВМРО-ДПМНЕ за утре најави нов протест

ВМРО-ДПМНЕ за утре најави нов протест

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев најави нов протест за утре против поскапувањето на струјата.

Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси, рече Јанушев денеска на прес-конференција.

Како што рече тој, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

Протестот, рече Јанушев, ќе започне пред „Палома бјанка“.

Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.