Македонија 11. септември 2018. / 21:24

ВМРО-ДПМНЕ во 22 часот на прес-конференција ќе го соопшти ставот за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ во 22 часот на прес-конференција ќе го соопшти ставот за референдумот

Во ВМРО-ДПМНЕ од попладнево се во тек координации на Извршниот комитет и на Централниот одбор.

Претходно, во партиското седиштето се одржа коордиција и со пратеничката група.

Во моментов заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во централниот штаб во Скопје. Се очекува да биде донесена одлуката за тоа како ќе постапат на престојниот референдум закажан за 30. септември.

Засега се брифираат само неофицијални информации кои велат дека опозициската партија нема да излезе со конкретен став, туку дека ќе остави нивните поддржувачи, симпатизери и членови да гласаат по сопстевно убедување.

Лидерот Мицкоски при последната посета во Кичево рече дека тој е никој и ништо за да му каже на народот како да постапи на референдумот.