Криминалниот картел на СДСМ ја зароби Република Македонија и ги узурпира правдата и институциите. Владеењето на СДСМ со државата во овие две години го одбележаа неуспеси, политички прогони, сиромаштија и неправди, соопшти ВМРО-ДМНЕ.
Според нив, власта се стави во коалиција со криминалот и за да ги покрие своите матни зделки и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните почна да создава поделби и да ги гони неистомислениците.
– Правдата која ја ветуваа стана секојдневна неправда. Десетици патриоти и припадници на безбедносните сили се осудени без докази на 211 години од единствена причина што не мислат како Зоран Заев и беа првите кои го кренаа својот глас против заевизмот, додека пак борци на ИСИС кои убивале луѓе и претставуваат опасност за секој еден граѓанин добија минимални казни затвор. – стои во соопштението на опозионата партија.
Тие додаваат дека додека патриотите се во затвор, криминалците слободно дивеат по улиците.
– Откако е СДСМ на власт државата е претворена во крвава арена. Сведоци сме на секојдневни престрелки и убиства по улиците и никој ништо не превзема . Виновниците и убијците шетаат на слобода, а граѓаните живеат во страв и паника грижејќи се за животите на сопствените деца. – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека додека власта си го брани криминалот со прогон на политичките неистомисленици, граѓаните живеат се посиромашно. Според ВМРО-ДПМНЕ над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а економијата ни е најниска во Европа, младите забрзано се иселуваат, а власта се богати со криминални тендери во 4 очи и си ги згрижува најблиските во државните институции. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека земјоделието ни е клекнато на колена, пензионерите измамени, образованието тоне, а здравството наместо да го подобрат го упропастија и го направија здравство во кое се шират епидемии и умираат луѓе.
– Се што видоа граѓаните од СДСМ се криминали, неправди, беда и неспособност. Граѓаните повеќе не смеат да бидат жртви на погрешните и погубни политики на СДСМ. СДСМ мора да си замине за да може Македонија да оди напред. Победата над СДСМ на претседателските избори ќе донесе предвремени парламентарни избори и тогаш граѓаните ќе го казнат заевизмот и ќе се изборат за подобра иднина. – се додава во соопштението.