Сѐ што допре Зоран Заев го претвори во пепел. Неговиот криминоген карактер за три години ја уништи државата, институциите и сите проекти до кои се докопа заедно со своите крими соработници. Наместо неселективен и ефикасен орган на прогон, СЈО го претворија во партиска испостава која служи за заплашување на противниците на Заев и собирање на рекет за лично богатење, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата велат дека премиерот Зоран Заев е главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод и нема право да предлага решенија. Случајот „Рекет“, велат, секојдневно добива нова димензија, а власта ги крие Кики и Фрики, велдејќи дека не постоеле.
– Зоран Заев, главата на политичко-медиумско-судско-криминален октопод нема веќе морално право да говори за закони и да предлага решенија. Случајот „Рекет“ од ден во ден добива нова криминална димензија, а сѐ погласни се гласините дека во него се вмешани и други високи функционери од власта. Кики и Фрики од рекетарската приказна објавена во медиумите сѐуште се на слобода, а Заев ги крие велејќи дека не постоеле. – соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој криминален октопод, според ВМРО-ДПМНЕ, не може да постои без знаење на Заев. Тие констатираат дека веќе петти ден по ред специјалната обвинителка Катица Јанева никаде ја нема.
– Никој во Македонија не верува дека ваков криминален октопод може да постои без знаење на Заев. Уште помалку граѓаните веруваат дека човекот кој три пати е амнестиран за криминал, Зоран Заев не е вмешан во оваа рекетарска афера.
Катица Јанева веќе 5 ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не ѝ верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома? – пишува во партиското сооопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека вистината за „Рекет“ мора да се обелодени и јавноста да дознае како Јанева е вмешана во овој случај.
– Вистината за случајот „Рекет“ мора да се обелодени. Јавноста мора да знае како Катица Јанева е вмешана во овој криминално рекетарски случај.
СДСМ ја погреба правната држава, СЈО, Рускоска обвинителството и Кацарска судството ја урнисаа надежта дека во Република Македонија може да има правда со Заев на власт.
Право и правда мора да има, и ќе има. Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта. Доколку тоа не се случи, правда ќе има кога Зоран Заев ќе си замине, а тогаш ќе одговараат сите оние кои сториле криминал, како и сите оние кои се ставиле во функција на заштита на истиот. – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.