Македонија 17. март 2020. / 22:38

ВМРО-ДПМНЕ со жесток демант: Профитерот Заев шири лажни вести и создава паника во период на криза

ВМРО-ДПМНЕ со жесток демант: Профитерот Заев шири лажни вести и создава паника во период на криза

Во врска со написот и текстот објавен на провладиниот фронтлајн, “Челниците на ВМРО-ДПМНЕ слават роденден, спротивно на препораките за заштита од корона вирусот”, од партијата испраќаат демант кој можете да го прочитате во продолжение:

„Нема дно кое СДСМ не може да го пробие. Медиум под контрола на власта во континуитет шири лажни вести по насока на Сдм и Зоран Заев. Профитерот Заев шири лажни вести и ја злоупотребува кризаната со корона вирусот за да ја сокрие неспособноста. Штабскиот пара портал Фронтлајн продолжува да шири паник во име на СДСМ.

Сликата која порталот Фронтлајн ја објавува и ја презентира како да е сликана вчера е слика која е направена пред најмалку една година и е далелу порано од пред започнување на кризата со корона Вирусот..

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги почитува препораките на СЗО и дејствува во согласност со најдобрите здравствени пракси за справување со Корона вирусот – мерки, кои преку партиските пресконференции и се предложени и на власта со цел општа имплементација.

Очигледно е дека СДСМ не може да го помине денот без да шири омраза и паника преку лажни вести, па дури и кога граѓаните се во грижа и страв како најбезбедно да го поминат периодот, тие не пропуштаат прилика да ја манипулираат јавноста.

Ова покажува дека профитерот Заев е спремен на се само за да ја сокрие неспособноста на владата која е видлива во секое поле“.