Власта на Заев во овие три години чекори во тактот на криминалот, корупцијата и рекетот. Со Заев нема европска иднина за Македонија, затоа што тој е заштитник на организираниот криминал и капо ди тути капи на сите рекетарски мрежи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Веќе е јасно како ден. Јавноста виде и слушна дека со правдата се тргувало во замена за милиони евра со амин на Заев. Милиони евра биле изрекетирани и префрлани со торби кои според сведоштво завршувале кај Заев. Контроверзен проруски бизнисмен правел дилови со владата на Заев и за таа цел исплатил 300 илјади евра. Ден Дончев е ден од првите соработници на Заев го виде целата јавност како става снопчиња со пари во својата торба. Слушнавме сведоштво дека рекетари палеле возила на неистомисленици, по наредба на Вице Заев. Слушнавме како се договарале трас трас одлуки и како се диктирале решенија на истражните органи директно од страна на Заев.
Ова не го слуша само македонската јавноста, ова го слуша и гледа и Европа. Заради Заев Македонија е хибриден режим, заради Заев Македонија е на врвот на листата по корупција, заради Заев народот осиромашува, а неговиот клан се богати. Народот ќе го казни Заев на 15 јули. Обновата ќе значи европеизација на Македонија, напредок, но пред се одговорност пред законите на сите, вклучително и на Зоран Заев.
СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова!“, се вели уште во партиското соопштение.