Македонија 12. април 2020. / 19:18

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се рекламира како да ширењето на вирусот е реклама за Топ Шоп производи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се рекламира како да ширењето на вирусот е реклама за Топ Шоп производи

Македонија го дочека коронавирусот во хаос, а на врвот е само во искористување на кризата за профитерските апетити од функционерите на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерот Филипче продолжува да се рекламира со одговарање на прашања на стримовите од влада, како да ширењето на вирусот низ земјава е реклама за Топ Шоп производи.

Се споредуваат нелогични бројки во кои што власта сака да прикаже дека имаме најниска заразеност со коронавирусот во регионот и во Европа, кога анализите на милион жители го покажуваат сосема спротивното.

Венко Филипче наместо да објаснува како се врзува вирусот тоа да го остави на експертите и нека почне вистински да министерува со здравството коешто во моментов е на колена.

Не е точно дека институциите биле спремни и Македонија подготвена го дочекала вирусот. Македонија го дочека вирусот во хаос, за тоа говори фактот дека заштитна опрема немаше за луѓето коишто беа први на удар, неспособноста и непрофесионалноста на директорите на здравствените установи.

Нашата земја е само прва по бројот на скандали и афери, како и на врвот во искористување на кризата за профитерските апетити од функционерите на власт.

Случаите кои говорат за неспособноста и изгубеноста на власта се секојдневиот, граѓаните немаат друго чаре, па своите проблеми и разочараност ги споделуват пред очите на јавноста, но за тие Филипче нема време затоа што е премногу зафатен во пи-ар популистичките изјави кои мисли дека го прават популарен.

Но, популарна е секогаш вистината таа говори дека Македонија со оваа власт и со министер како Филипче е на раб на пропаст, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.