СДСМ три години отспаа кога станува збор за спортот и спортските работници. Сега во стилот на измамникот Заев да им текна да ги лажат спортистите и да им ветуваат се и сешто. Сите мерки со кои се фалат се донесени во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сами не донесоа ниту една мерка, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Цели три години не е изграден ниту еден базен или позначаен спортски објект. Нема нови сали, ниту стадиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека сите спортски успеси кои се направени се благодарение на инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во спортот и грижата што ја имаа спортистите во минатото.
-Како и би имало некаков резултат на спортско поле кога за развој на спортот се ,,грижат” еден историчар и еден економист!? Негрижата за спортот завршува на 12 април кога СДСМ и нивните деструктивни идеи ќе бидат поразени од граѓаните – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.