ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение истакна дека истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит.
Тие прашуваат – Што знае Боки 13, па Рускоска и Заев се плашат од тоа?
Според нив Јавното Обвинителство ја развлекува истрагата за јавноста да заборави на аферата „Рекет“ .
– ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.
За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата. – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека Рускоска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ги командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување.
– Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.
СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СДСМ мора да си замине. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.