Македонија 08. март 2020. / 10:12

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на инвестиции во културата и културното наследство

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на инвестиции во културата и културното наследство

ВМРО-ДПМНЕ ветува пакет мерки за инвестиции во културата и дигитализација на културното и уметничкото наследство.

Како капитален проект, од партијата велат дека се обврзуваат за дигитализација на културното и уметничко наследство со цел истото да се сочува од заборавот на времето. Дополнително, велат се обврзуваат на реконструкција на зградата на Музеј на Македонија, инвестиција во македонски брендови и креативни индустрии.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која ќе овозможи делегиран буџет за културните установи.

– Ова подразбира сигурност во финансирањето на проекти во културата, но и мотивација за награда за најуспешните, велат од партијата во утринското соопштение.

Се обврзуваат и на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата.

-За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата. Олеснувањата ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата, велат од партијата.

Обновата, додаваат од партијата ќе следува по победата на ВМРО-ДПМНЕ на 12-ти април.