Македонија 12. октомври 2019. / 10:09

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во вторник ќе ја задолжи Македонија за над 53 милиони евра

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во вторник ќе ја задолжи Македонија за над 53 милиони евра

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања. Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5
милијарди евра.И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо.Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните.Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине.“, се наведува во соопштението на партијата.