Македонија 08. ноември 2018. / 13:12

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со нашите проекти

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се фали со нашите проекти

Новиот водоснабдителен систем,  проект со кој СДСМ се фали, е уште еден доказ дека само ги довршува и спроведува проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, овој проект е почнат на 15.02.2017 од страна на градоначалникот Иван Франгов финансиран со средства обезбедени од Светската банка и Европската Унија во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Безидејноста на СДСМ е сè поочигледна, од кога се на власт не почнаа ниту еден проект. Од ветувањата на СДСМ за 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1 000 километри регионални патишта сè уште нема ништо. Ова е најнеспособната влада во историјата на Македонија. Колку побргу ќе си замине оваа неспособна власт, толку побргу ќе закрепне економијата и државата ќе се врати на вистинскиот пат”, се додава во соопштениет