За СДСМ и Заев очигледно дека не е важно здравјето на граѓаните и затоа сакаат избори по секоја цена. За нив не е важно тоа што во Република Македонија е прва со црна статистика со најголем број на починати на 1 милион жители во регионот. За криминалната влада не е важно што и Државната изборна комисија достави мислења каде јасно пишува дека им се потребни 35 до 60 дена за спроведување на изборите, реагира ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ
Исплашен дека секојдневно се повеќе и повеќе ја губи довербата кај граѓаните Заев беше фатен како врши поткуп на гласачи. Но, што и да направи Заев поразот му е неизбежен. Откако ќе помине оваа пандемија ВМРО-ДПМЕ ќе победи на изборите, кога и тие да се одржат. За ВМРО-ДПМНЕ најважно е здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е поразлично од СДСМ. Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, велат од отЦентар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.