Македонија 15. април 2020. / 12:19

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги врти истите лаги истиот текст секој ден

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги врти истите лаги истиот текст секој ден

Copy – paste соопштенија Copy – paste лаги. Има ли некој во СДСМ или спам ги пушта истите мејлови со лаги!? СДСМ ги врти истите лаги истиот текст секој ден, како на расипана грамофонска плоча ја трујат јавноста со невистини. ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна кажа дека ќе се откаже од државното финансирање, но функционерите на СДСМ не се откажуваат од своите плати, велат од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ ја лаже јавноста и не се откажува од својот профит за време на криза. Олигархијата заработува милиони, а народот и претприемачите осиромашуваат.Наместо водење на ПР во криза СДСМ требаше одамна да ги засука ракавите и да им помогне на граѓаните и фирмите, но тоа не го видовме, гледаме само сеење на лаги. Ништо друго не може ни да се очекува од партија која не осудува говор на омраза, од лица кои очигледно се поттикнати од неа, констатираат  од опозицијата.