Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ е исплашена од граѓаните. Во партиското соопштението тие пишуваат дека власта губи контрола и се заканува на секој кој изразува поинакво мислење од капитулантските и расипнички политики на Зоран Заев и криминалниот картел.
-Обидите со багер да се газат граѓани кои изразиле поинакво мислење, наводните поправки на жичарата и непропуштањето на телевизиски екипи да ги снимат локациите каде се врши сеча на Водно е одраз на немоќ и пад на една исплашена власт. Заканите и мобингот врз вработените во јавниот сектор, нивно прераспоредување на работни места надвор од нивното место на живеење е обид да се замолчат овие луѓе и да се спречи мислење различно од тоа на Зоран Заев и криминалниот картел. Ова е знак дека се во паника, бидејќи се повеќе сфаќаат дека немаат поддршка за антидржавните политики, се вели во соопштението на опозициската партија
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните повеќе не се плашат, граѓаните се погласно зборуваат.
-Антидржавните политики на Зоран Заев и картелот кој го предводи повеќе не поминуваат кај народот. Никој повеќе не им се плаши и не молчи. Наскоро граѓаните ќе ги казнат за сета штета која и ја нанесоа на Република Македонија. Целиот криминал кој под димната завеса на референдумот го прават, со пљачкосување ја државата придонесе да ја направат синоним за криминал за кој пишуваат сите светски медиуми. На делбите на криминални милионски тендери, партиските вработувања, политичкото угнетување и на сето безредие му доаѓа крај. СДСМ мора да си замине. Република Македонија мора да тргне напред, велат од ВМРО-ДПМНЕ.