Македонија 25. јануари 2019. / 09:40

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од избори, соочени се со страв од пораз

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од избори, соочени се со страв од пораз

Две недели СДСМ молчи и бега од избори. Власта е соочена со стравот од пораз на предвремени парламентарни избори и ја носи државата во пропаст заради нечија лична амбиција да остане уште на власт за да продолжи да ја краде државата и народот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува ЦО на СДСМ да собере сили и да покаже барем малку одговорност кон државата и граѓаните и да изгласа предлог за  распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските на пролет.

СДСМ не смее повеќе да бега. Хаосот во кој ја втурнаа Македонија станува се поголем. СДСМ не е решение за проблемот во кој се наоѓа Македонија, СДСМ е проблемот.

Две години откако власт е СДСМ, целата држава е во црнила. Наместо покачување на платите и пензиите, слушаме како владините министри се закануваат со намалување.

Власта наместо да овозможи пријатна бизнис клима воведува нови регулативи и повисоки даноци за фирмите и граѓаните. Засегнати се и пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај, а власта размислува како од нив да земе денар плус.

Државата и граѓаните се доведени до раб на пропаст. Црнила во образованието, здравството, земјоделието, безбедноста и во сите други сегменти. Нема нешто во државата што СДСМ не го растури.

Хаосот не смее да продолжи. Потребни се итни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, за Македонија да победи!