Власта е целосно инкриминирана и во паника. Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е качена на воз во еден правец, правец од кој нема назад. Месеците на Илинденска бб. им се избројани, криминалите разоткриени и знаат дека сите до еден ќе одговараат за своите злодела, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Најавите за тужби за новинари, координираните напади врз слободата на медиумите се само уште еден показател дека нивниот крај е близу. Правдата не може да биде задоволена со сечење на пипците на криминалниот октопод, а се со цел да не се октрие главата, да не се отркие дека Зоран Заев лично и персонално стоел зад најголемата криминална афера во поновата македонска историја. Правдата нема да биде задоволена се додека Зоран Заев не одговара за сторениот криминал, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Обвинителството наместо да го гони криминалот повторно се става во заштита на истиот, се заканува на новинарите и свиркачите, се заканува на сите оние кои се борат да се дознае целата вистина за случајот „Рекет“.
-Рускоска и Јовевски очајно бараат начин по четврти пат да го амнестираат Зоран Заев, овој пат за учество во злосторничко здружување, поради фактот што токму тој е на чело на криминално рекетарската банда, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека граѓаните знаат колку тежи зборот на Заев, тие знаат дека секој пат кога ќе стави својата рака на срце, тој ноторно лаже.
-Исказот на сведокот за случајот „Рекет“ кој го објавија медумите е доказ дека тој знаел за рекетот и не само што знаел туку и застанал на патот на правдата. Единственото прашање кое го имаат граѓаните е колку тој зел од рекетот? Зоране деновите на Илинденска бб. ти се одбројани, дојде крајот на твојата тажна политичка карирера, се вели во соопштението од партијата.