Македонија 01. декември 2019. / 11:48

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обраќањето на премиерот: Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања

ВМРО-ДПМНЕ реагира на обраќањето на премиерот: Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања

До каде се истрагите во обвинителството за сите оние криминалии којшто се поднесени обвиненија од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од страна на граѓаните за актуелни случаи?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на обраќањето на Заев.

Оттаму додаваат дека Заев го руинираше правниот систем преку уцени, закани и поткупувања и бараат премиерот да ги тргне неговите валкани раце од правосудството, затоа што, како што велат, Заев е кочничар на правосудниот систем во Република Македонија.

– Откако Заев дојде на власт царува криминалот. Зошто не се поведе да се види до каде е случајот „Рекет 2“ во обвинителството, до каде е „крвави тендери“, до каде е „изборниот поткуп“, до каде се сите оние поднесоци, до каде е „Леонардо“, до каде е „Тополки“, до каде е ДКСК со истрагата за „Глобал“ којшто сама го отвори за Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“. Додаваат дека Заев не го интересира Македонија и иднината на нејзините граѓани туку го интересира личното богатење и заштитата на криминалот.

Ова не е правна држава, заклучлуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека ова ќе се смени откако криминалот и корупцијата ќе бидат поразени на 12-ти април.