Македонија 10. октомври 2018. / 20:48

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Мицкоски е заштита на националните интереси

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Мицкоски е заштита на националните интереси

Почитувани,

Би сакале да појасниме дека станува збор за редовна конференција на Европската народна партија која се одржува неколку пати во годината, пишува во соопштението до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш била соодветно претставувана од партиски функционери на различно ниво, така што тенденциозно е присуството на потпретседателот Александар Николовски да се претставува како изолација на партијата или Претседателот Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да присуствува на конференцијата на ЕПП во Брисел заради тоа што за понеделник е најавено одржување на пленарна седница на Собранието на Република Македонија по владината иницијатива за измени на Уставот.

За Претседателот Мицкоски приоритет е заштитата на македонските национални интереси и јасно изразената волја на граѓаните кои на одржаниот референдум одлучно се спротивставија на капитулантскиот договор и не дадоа поддршка на промена на името, идентитетот, историјата, традицијата и културата.

Самата покана испратена до ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од јасна порака и најдобар демант до сите „душегрижници” кои ширеа лажни информации и вести во јавноста за изолација на партијата и нејзино исфрлање од ЕПП.

Со оглед професионалноста и сериозноста на вашиот медиум, очекуваме оваа реакција да биде објавена во целост.

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ