Македонија 04. август 2019. / 14:43

ВМРО-ДПМНЕ предлага два датуми за предвремени избори – почеток на април или крај на мај

ВМРО-ДПМНЕ предлага два датуми за предвремени избори – почеток на април или крај на мај

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на денешната прес-конференција одговори на прашања од повеќе теми, а посочи и дека биле предложени и два датуми за предвремени избори.

Имено, за предвремените избори Мицкоски рече дека ги очекуваат час поскоро и дека понудиле два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го предвид празникот Рамазан.

Тој додаде дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик.