ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто премиерот Зоран Заев ја штити специјалната обвинителка Катица Јанева.
– СДСМ наместо да испраќа паушални соопштенија каде што ништо не кажува, време е да одговори зошто нивниот аболициран шеф Зоран Заев ја штити Катица Јанева? – прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Тие исто така се прашуваат кои се Кики и Фрики во рекетарската приказна и дали се високи функционери на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното Обвинителство да спроведе сериозна истрага за поврзаноста на Заев со рекетирањето.
– Кои се Кики и Фрики во рекетарската приказна и дали се високи претставници на СДСМ?
Заев е главниот промотор и заштитник на криминалот.
СДСМ и Заев ја девалвираа правната држава и институциите во Република Македонија.
Јавното обвинителство мора да направи сериозна истрага и да утврди дали Зоран Заев учествувал во рекетирањето и колкав процент земал од рекетот. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до реформите, ВМРО-ДПМНЕ констатира дека нема ни Р од реформа.
– СДСМ не спроведе ни Р од реформа. Единствената мерка која ја донесоа е криминалот, корупцијата, уцените, насилството, рекетарството и поткупот.
Правдата во Македонија ќе се врати, тогаш кога Заев и СДСМ ќе си заминат.
Законите мора да важат подеднакво пред сите. – пишува во соопштението.