Македонија 08. март 2021. / 16:58

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали дедото на Филипче бил во Занзибар со заболените од африканската мутација и дали поминал карантин?

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали дедото на Филипче бил во Занзибар со заболените од африканската мутација и дали поминал карантин?

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали д-р Јорданчо Савески, дедото на министерот за здарвство, Венко Филипче, бил во Занзибар заедно со пациентите заболени од африканската мутација на корона вирусот и дали по враќањето од Африка, д-р Савески бил во карантин.

– Венко Филипче да одговори дали неговиот дедо, д-р Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на Ковид-19 и дали потоа отишол во карантин?! Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на Ковид-19, исто како што беше Цаца Билјановска?, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека додека народот се мачи со Ковид, илјадници умреа, фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации.

– Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.