Македонија 05. декември 2020. / 09:48

ВМРО-ДПМНЕ повторно на протест: „Или Заев или Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ повторно на протест: „Или Заев или Македонија“

Со почеток во 12:30 часот ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи кон протест кој ќе започне пред СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“.

Во 13 часот протестот ќе се одржи пред Влада.

-Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија.
Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува! Време е да се стави крај на неговата лудост пред да биде предоцна. Или Заев, или Македонија, порачува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски