Македонија 09. октомври 2019. / 15:33

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на платите од 5 % на административците е замачкување очи

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на платите од 5 % на административците е замачкување очи

СДСМ одби покачување на платите на вработените во јавниот сектор за 10%. Зоран Заев и Кочо Анѓушев се лицемерни со административците. СДСМ со покачувањето од 5% само им замачкува очи на административците, стои во новото соопштение од СДСМ.

Власта не е за реално и суштинско покачување на платите.

Економијата со Заев и Анѓушев  само тоне. Нереалистични се сите прогнози на власта.

Бројот на индустриски работници во јуни оваа година во однос на јуни минатата година е намален за 2.5%, односно на секој 100.000 работници имаме 2500 помалку оваа година во однос на лани.

Со вакви лоши показатели во стопанството, со неспособноста на државата да креира добра бизнис клима и со се поголемото задолжување Македонија само тоне.