Македонија тоне во зараза од КОВИД-19. На секој час во последните 48 часа имаме по 10 заразени. Само вчера регистрирани се нови 243 случаи. Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот. Состојбата е уште полоша затоа што власта нема соодветни протоколи ниту во градинките ниту во школите. Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема. Состојбата е алармантна и на полето на починати. Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата. Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне. И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално.Оставка е морален, но и единствено исправен чекор во моментот. Филипче охрабри се – Поднеси оставка, велат од ВМРО ДПМНЕ.