Охридското Езеро е пред еколошка катастрофа поради расипничкото однесување на власта на СДСМ, обвинија денеска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
На прес-конференција по тој повод беше поставена макета од пратеничката Жаклина Лазаревска која, како што тврдат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, пред да дојдат на власт, тврдеше дека веднаш би реагирале за нивото на езерото, но гледаме дека молчат.
-Слика имаат, тон немаат исто како оваа картонска макета со која ја потсетуваме пратеничката Лазаревска што вети и излажа како и за сè друго досега, порачаа младите.
Оттаму праша зошто власта дозволува зголемено испуштање на вода во реката Црн Дрим?
-Зарем не мислат со ЕЛЕМ да престанат да го злоупотребуваат езерото за производство на електрична енергија? Зборот не е збор затоа што власта не презема соодветни мерки преку кои ќе се спречи понатамошното влошување на состојбата во Охридското Езеро, реагираат од партијата.
Ги обвинија власта и градоначалникот Георгиески за кои велат никако да најдат начин да стават крај на опустошувањето на езерото кое е заштитено од УНЕСКО. Доколку не се преземат мерки за заштита велат тогаш ќе се потврди дека наместо да спречат тие помагаат во уништувањето на езерото.
Водостојот на езерото се наоѓа на 693,09 метри надморска височина што е за 8 см под природниот минимум и 1 см под дозволениот минимум.