Наместо Венко Филипче да дава апели со граѓаните, граѓаните апелираат до Филипче сериозно да ја сфати улогата и да превземе мерки против корона заразата. Корона заразата премина во фијаско и државата споредено со сите околни земји убедливо најлошо се справува со короната, реагираат од ВМРО ДПМНЕ, на интервјуто на Венко Филипче.
Филипче, Заев и Спасовски беше триото кое прогласи победа против пандемијата која од тогаш до сега одзема стотици животи. Наместо ПР Филипче преку државните механизми да превземе мерки за ублажување на последиците.Темата корона Филипче исто како и Заев ја користи за ПР и себепромоција иако резултатите се поразителни.Филипче е во право кога вели дека вирусот не познава возрасни граници но воедно и популизмот и неспособноста на Филипче исто не познаваат граници, велат од ВМРО-ДПМНЕ