Македонија 04. јули 2019. / 09:45

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните тендери и грантови се валутата со која Заев тргува за да остане на власт

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалните тендери и грантови се валутата со која Заев тргува за да остане на власт

Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев ја зароби Република Македонија и како заложник ги држи нејзините граѓани. Криминалните тендери и грантови, се главна одлика на оваа криминална влада. Додека граѓаните се борат да го преживеат месецот, нивните чесно заработени пари преку давачките кон државата завршуваат во џебовите на партиски и државни функционери кон кои Зоран Заев исплаќа концесии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалните тендери и грантови, партиските и непотистичките вработувања се валутата со која Зоран Заев тргува за да остане на власт, на штета на граѓаните. Само последен во низата е корупциски скандали е оној на со тендерот за набавка на радарска опрема за потребите на М-НАВ. На граѓаните од денот кога свиркачи го разоктрија овој скандал им одекнуваат зборовите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски ,,Leonardo will win’’, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО додаваат дека ОЈО мора да реагира и покрај огромниот притисок од криминалната власт на чело со аболицираниот Заев.

Очигледно е дека криминалната Влада ги кочи реформите во државата и дека со оваа власт нема да има ниту п од правдата која ја ветуваше Заев. Не важи повеќе понудата на ВМРО-ДПМНЕ за помош на Владата за наше побрзо интегрирање во Европската Унија со оглед на криминалот и корупцијата во кој е заплеткана оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ само ќе лобира за добивање датум за преговори час поскоро во интерес на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Она што е добра вест за граѓаните, потенцираат од партијата, е дека сите анкети укажуваат на тоа дека следната Владата ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните парламентарни избори кога и да тие се случат. Кога Зоран Заев ќе си замине од власт, во Македонија ќе се врати правдата и ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот и оние кои во овие моменти го штитат криминалот стои во партиското соопштение.