Македонија 23. септември 2019. / 17:14

ВМРО-ДПМНЕ: Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија

Право и правдина во Република Македонија нема. Контролата на Заев врз судството и обвинителството ги амнестира вистинските криминалци во Македонија. Русковска и официјално денеска со затворањето на штурата и контролирана истрага за случајот “Рекет” потврди дека е еден обичен пиун и работи под диктат на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затворањето на непрофесионалната истрага после пет месеци јавен циркус кој го следеше целата јавност е најголем доказ дека Русковска имаше една единствена цел, да ги скрие нарачателите и вистинските рекетари, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека нерасчистувањето на инволвираноста на Кики,Фрики,Шеки,Баки и останатите фрла сомнеж дека и Русковска е соучесник во целиот случај “Рекет”.

Сите знаат дека Боки 13 и Катица Јанева не рекетирале сами и дека имале поддршка од раководни лица од власта. Правда во Македонија мора да има. Вистината ќе излезе на виделина и сите инволвирани еден ден ќе одговараат по сите основи за сите сторени кривични дела и во случајот и во постапката, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.