Македонија 03. август 2019. / 17:23

ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на групата што скадираа „Северна, Северна“ и кој им дал таква задача?

ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на групата што скадираа „Северна, Северна“ и кој им дал таква задача?

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат кои се членовите на групата што скандираа „Северна, Северна”, кој им дал таква задача и дали тоа го правеле само заради едно капче, сендвич или го правеле за многу посериозен надомест, која е таа „северна” и колку ваквото скандирање ја милува „жицата македонска” на Зоран Заев?

СДСМ е срам за Македонија и Македонците. Заевиот СДСМ е срам и за искрените и чесни членови на партијата, кои знаат дека Македонија е пред се и над се, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Патем, интересен е изборот на СДСМ да не го коментира случајот Рекет во кој што се длабоко заглавени а од целата прес конференција да реагираат само на одговори на новинарски прашања.

Но, во интерес на јавноста и на оваа манипулацијана СДСМ ќе одговориме, додаваат тие и велат дека СДСМ и Зоран Заев прославата на Илинден ја претворија во партиска прослава.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и Зоран Заев организирале илјадници полицајци и исто толку партиски послушници само за да не се сретнат со народот и да се чувствуваат конфорни на Мечкин Камен. СДСМ и Зоран Заев не само на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на претставниците на семејството Кареви и на другите илинденци од Крушево, не им овозможи соодветно да се поклонат пред спомен обележјата.

На крајот на краиштата СДСМ и Зоран Заев организираа прослава која беше срам за целата јавност во која што се фалсификуваше историјата на Македонија и нејзината борба за самостојност, додадоа тие.