Македонија 13. декември 2020. / 23:27

ВМРО-ДПМНЕ: Кого победи Заев, освен тоа што го загрози здравјето на граѓаните?

ВМРО-ДПМНЕ: Кого победи Заев, освен тоа што го загрози здравјето на граѓаните?

Зоран Заев си го гледа само личниот и партиски интерес. Затоа денес правеше КОВИД кластер во Штип во сред пандемија и 2000 починати, ова вечерва преку реакција до јавноста на изјавата на Зоран Заев го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев трча да си ја спаси фотељата и притоа не му е важно колку луѓе ќе заболат, а колку ќе починат заради тоа. Денешната среќа на Заев, штипјани ќе ги чини не среќа за некој ден. Дополнително Заев употреби најразлични методи на уцени и притисок, закани и поткуп само и само да дојде до цензус. Во Штип денеска имаше масовен поткуп за да се извадат граѓаните да гласаат. Гласови се купуваа со пари. Зоран Заев денеска вршеше тортура врз својот народ. Изборите во Штип се резултат на болната амбиција на еден човек, да ја задржи фотељата по секоја цена, велат од партијата.

Додаваат дека политиките на Заев се поразени 15% помала излезност на сите закани, притисоци и уцени е знак дека веќе ништо не му поминува. 34.30% излезност е пораз за Заев. Слобода на народот, оставка на Заев.