Економски неуспеси, неисполнети ветувања, селективна правда и корупција – ова според интерпелацијата што пратениcите на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа денска, ќе бидат главните аргументи со кои како што велат ќе го разобличат штетното владеење на Зоран Заев и неговиот кабинет по нецела година, но и ќе се обидат да ги убедат колегите од законодавниот дом, да дадат поддршка. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за тв 24 вели дека имаат многу аргументи зошто колегите од собранието треба да ги поддржат.
Се однесуваат на катастрофалната работа на оваа влада во сите сегменти, најмногу на економскиот дел, на политишкиот терор, на пропустите во работата во сите министерства.“, вели Драган Данев – координатор на ПГ на ВМРО ДПМНЕ
Mотивите на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелација немаат суштинска вредност и се само теснопартиски обиди за добивање на ситни политички поени. Подготвени сме за соочување на аргументите во Собранието и убедени сме дека Владата ќе ја добие довербата“ – вели Александар Киранцовски.
Ова ќе биде прва интерпелација за работатa на Владата.