Македонија 05. јуни 2020. / 11:24

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со размена на соопштенија за Ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со размена на соопштенија за Ковид-19

Цело СДСМ е претворено во најголем и најопасен заразен кластер на Ковид 19, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиската реакција утрово се посочува дека со нивното ризично однесување ги доведуваат во прашање и сопствените животи и здравјето на граѓаните. Доколку партијата и функционерите на Заев ги почитуваа мерките и препораките на здравствените експерти немаше да се претворат во најголем кластер.

– Лагите кажани од Заев, Спасовски и Филипче излегоа на виделина. Повеќе е јасно дека тие се целосно изгубени и не знаат и не умеат да се справат со оваа ситуација па сега сите други им се виновни освен самите тие. Наместо да се погрижат да се надмине оваа ситуација тие сакаат да собираат политички поени за да го ублажат поразот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката СДСМ утрово преку соопштение го обвинија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека во време кога се соочуваме со здрваствена криза, тој не ги почитувал мерките, бил деструктивен и ширел лажни вести.

– Мицкоски треба да се засрами од своето однесување кое е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија, се вели во соопштението од СДСМ.